Олимпискиот оган на неговото патување од Марсеј до Париз ќе го штитат околу стотина полицајци, поача францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен.
Штафетата со олимпискиот оган своето патување низ Франција ќе го започне на осми мај во Марсеј, а ќе заврши на свечената церемонија на отворањето на Олимписките игри во Париз, која е закажана за 26 јули.
Околу олимпискиот оган ќе биде формиран меур од околу стотина полицајци, а во непосредна близина ќе бидат и припадниците на специјалната единица на полицијата – ГИГН.
Според Дарманен, проблеми за време на патувањето на олимпискиот оган низ Франција може да направат ултралевичарските еколошки движења како што се Сацаге 2024 и Последна обнова, додека засега нема опасност од десничарските организации.
Според планот на организаторот, олимпискиот оган треба да помине низ 400 градови во Франција.
На стартот на патувањето на штафетата низ Франција, во Марсеј се очекува да има повеќе од 150.000 луѓе на улиците, а за безбедноста ќе бидат ангажирани околу 5.000 полицајци.