Олимпискиот шампион продолжи урагански по титула на Австралија опен (Видео)

Александер Зверев ја оправда улогата на еден од главните фаворити за гренслем титулата во Мелбурн и тргна урагански на Австралија опен.

Актуелниот олимписки шампион од Токио го победи домашниот тенисер Џон Милман убедливо со 6:4, 6:4, 6:0.

https://twitter.com/Eurosport_ES/status/1483739364853223424?s=20

Зверев се задржа на „Род Лејвер арена“, кој е централен терен во Мелбурн парк нешто под два часа, а играше импресивно и не му дозволи на противникот воопшто да се надева на подвиг.

Германскиот ас е рангиран како трет носител на првиот гренслем во сезоната, а се уште ја чека и првата титула на четирите најценети тениски турнири.

Во третото коло ќе има интересен ривал, Молдавецот Раду Албот, кој едвај го победи на САД опен со 3:2 пред три години.

Сега ќе играат по вторпат и повторно на гренслем, а Зверев е голем фаворит за плсман во осминафиналето.

 

- Оглас -

Најнови вести