Олимписките игри по 2030 година со повеќе земји домаќини

Досега сите Олимписки игри, и летни и зимски, се одржуваа само во една земја, но од 2030 година натаму тоа може да се смени. Во Интернационалниот олимписки комитет не се против идејата на некои идни ОИ, домаќини на најголемиот спортски собир да бидат две или повеќе земји.

Во фудбалот, кошарката, хокејот, одбојката веќе имаше светски и европски шампионати со повеќе земји домаќини, а предностите се од финансиска причина. Кога има повеќе земји организатори, трошокот се дели и не паѓа целиот товар само врз една држава. За Зимските олимписки игри во 2006 имаше идеја покрај градот домаќин Торино и државата Италија, да бидат вклучени и Австрија и Словенија, но таа идеаја пропадна.

Наредните ЛОИ се во Токио 2020, Париз 2024 и Лос Анџелес 2028. Наредните ЗОИ се во Пекинг 2022, а во септември годинава ќе се знае дали во 2026 град домаќин ќе биде Стокхолм со ски центарот Оре или Милано со Кортина д`Ампецо. За 2030 сè е можно, па и првпат повеќе земји да бидат коорганизатори.

- Оглас -

Најнови вести