Организаторите на ЛОИ во Париз објавија дека е урнат рекордот според бројот на продадени или доделени билети во историјата на Олимписките игри.
Тие наведоа дека за годинашните Олимписки игри се продадени или доделени 9,7 милиони билети, од кои 8,7 милиони се продадени, а милион се доделени, но исто така наведоа дека билети сè уште има во продажба.
Во продажба беа пуштени вкупно 10 милиони билети за Олимписките игри.
Претходниот рекорд по бројот на продадени билети го држеше Атланта во 1996 година, кога беа продадени 8,3 милиони билети.
Почнувајќи од април, околу милион бесплатни билети беа поделени на локалните млади луѓе, аматерски спортисти, лица со попреченост… Ова беше направено по критиките дека билетите се прескапи и не се достапни за сите.