Олимписко село на љубовта, аргентински ракометар се вери со својата девојка (Фото)

Аргентинскиот ракометар Пабло Симонет, ја искористи приликата да ја изненади и на колена ја запроси својата девојка Марија Пилар Кампој, додека аргентинските спортисти имаа фотосесија во олимпиското село во Париз.

Кампој е репрезентативка на Аргентина во хокеј на трева, и долгогодишна девојка на ракометарот Симонет.

Веднаш дојдоа честитки со идните младенци од нивните репрезентативни колеги. Во ракометниот тим на Аргентина е и братот на Пабло, Диего Симонет, кој игра за клубот Монпелје.

- Оглас -

Најнови вести