Оливер Кан е новиот извршен директор на Баерн Минхен

Карл-Хајнц Румениге поднесе оставка од функцијата извршен директор во Баерн Минхен, а неговото место му го проследи на Оливер Кан. Оваа промена требаше да се случи во првиот ден од 2022 година, но Румениге одлучи да се повлече шест месеци пред истекувањето на неговиот договор.

Човекот кој менуваше функции во таборот на Баварците од 1991 година и стигна до самиот врв целосно си заминува од Баерн, што значи дека нема да биде во одборот на директори.

Кан од претходно почна да ја врши должноста на извршен директор со тоа што Румениге му влијаеше како ментор, а на голманската легенда на Баварците прв потег му беше ангажманот на Џулијан Нагелсман за нов тренер на првиот тим.

Румениге кариерата ќе ја продолжи како член на извршниот комитет на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести