23.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Оливер Кан не се откажува, понуди 30 милиони евра за купување на француски четвртолигаш

Легендарниот германски голман, Оливер Кан, не се откажува од купувањето на францускиот четвртолигаш Бордо. Поранешниот голман и официјално испрати понуда до локалните власти во висина од 30 милиони евра, па сега се чека нивната одлука.

Бордо е шесткратен шампион на Франција, а последната титула ја освои во 2009 година. Сепак, минатата година мораше да се откаже од професионалниот статус поради финансиските проблеми, а тоа значеше и автоматски преселба во четвртата лига. Клубот го загуби и својот тренинг центар.

Поранешниот француски шампион во моментов е на третата позиција во својата група созаостанување од шест бода позади Сент Мело, а само првопласираниот обезбедува пласман во повисок ранг.

- Оглас -

Најнови вести