По осум блескави години поминати во Баерн Минхен, Роберт Левандовски има нов предизвик и во иднина ќе го носи дресот на Барселона. Полскиот репрезентативен напаѓач потпиша тригодишен договор со каталонскоот гигант, каде се надева дека ќе продолжи во ист ритам како во претходните години.
Левандовски за Баерн одигра 375 меча во сите натпреварувања, а вкупно постигна 344 погодоци, што е просек од речиси еден погодок на меч. Генералниот менаџер на Баерн, Оливер Кан реши јавно да ја објасни одлуката за продажба на нивниот најдобар играч.
„Барселона на крајот понуди обештетување кое на нас ни изгледаше разумно за да го продадеме Левандовски. Имавме успешен настап на фудбалскиот пазар. Доведовме напаѓач од светска класа како што е Садио Мане, а сега имаме простор и за нови засилувања“, вели Кан.
Robert Lewandowski vor Wechsel zum FC Barcelona.
Alle Informationen: https://t.co/RiA6ve0OK2
— FC Bayern München (@FCBayern) July 16, 2022
Се очекува Баерн да заработи 45 милиони евра од трансферот на Левандовски, а дополнителни пет милиони евра треба да пристигнат и во вид на бонуси. Со оваа сума Баерн едноставно остана на своето првично барање, а тоа е Левандовски да не биде продаден за сума помала од 50 милиони евра.