Оливера Наковска-Бикова ќе ја претставува Македонија на Параолимписките игри во Париз

Оливера Наковска–Бикова ќе биде единствената македонска претставничка на Параолимписките игри во Париз.

Денеска Бикова заедно со својот тим беше примена во канцеларијата на претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Во главниот град на Франција, по Олимписките, ќе се одржат и Параолимписките игри во период од 28 август до 9 септември.

Четириесет и деветгодишната параолимпијка во Лондон 2012 година во дисциплината 10 метри воздушен пиштол го освои златниот медал за Македонија.

Бикова зад себе има успешни подготовките и според најавите, во Париз ќе учествува во три стрелачки дисциплина на 31 август, 2 и 4 септември.

- Оглас -

Најнови вести