Според фудбалскиот инсајдер, Фабрицио Романо, Дани Олмо веќе ги договорил личните услови со екипата на Барселона и сака да се врати во клубот од чија академија потекнува. Сепак, во моментов проблем е Лајпциг кој за неговите услуги бара 60 милиони евра, а првата понуда на „каталонците“ беше 40 милиони евра и речиси невозможни услови за бонусите од 20 милиони евра, понуда која веднаш беше одбиена.
Затоа сега Олмо заедно со неговиот агент, Енди Бара, заминале на разговори со раководството на клубот, да ги убедуваат да го пуштат во Барселона и да му ја исполнат желбата на шпанецот кој блесна на Европското првенство.
Последните информации велат дека Барселона испратила уште една понуда, која била одбиена. Таа изнесувала 55 милиони евра фиксно, плус четири милиони во лесно остварливи бонуси, како и три милиони евра во малку потешко остварливи бонуси.