Некогашниот фудбалер на Динамо Загреб, а сегашен на Барселона, Дани Олмо, попладнево го следеше мечот од јуниорската Лига на шампиони помеѓу овие два клуба, а младинците на Барса победија на пенали и се пласираа во осминафинале откако регуларниот дел од средбата заврши 2-2.
По мечот, Олмо влезе во соблекувалната на Модрите, им честиташе и ги тешеше на хрватски јазик, фалејќи ги дека добро трчале и дека треба да продолжат така.