Спас за Барселона, Дани Олмо и Пау Виктор смеат привремено да бидат пререгистирани за Барса, одлучи Вишиот спортски совет, но нема да играат вечерва во полуфиналето на Суперкупот против Атлетик Билбао.
Одлуката е донесена затоа што неусвојувањето на оваа мерка на претпазливост би предизвикало сериозна економска и спортска штета на клубот и пред се на фудбалерите. Ова исто така може да им наштети на интересите на шпанскиот национален тим, како и на останатите национални натпреварувања, вклучително и Ла Лига.
Двајцата фудбалери отпатуваа со остатокот од екипата во Саудиска Арабија, каде се игра завршницата од шпанскиот Супер куп, а позитивната одлука на судот значи дека Олмо и Виктор ќе може да играат во финалето, доколку Каталонците победат вечерва.
Желбата на Олмо беше да игра за Барселона, тренира со тимот и покрај проблемот.
Одлуката не е дефинитивна, но процесот може да трае неколку месеци, пред да се донесе конечна одлука, процесот може да трае неколку месеци, Ла Лига и Федерацијата одбиваа да им дадат нова лиценца на двајцата играчи.
Одлуката на советот еуфорично ја прими претседателот Жоан Лапорта од кого почнаа барања за оставка.