Олмо нема да потпише ниту за Барселона, ниту за Сити, ќе направи трансфер надвор од Европа?

Еден од најбараните фудбалери во овој преоден рок е шпанскиот репрезентативец Дани Олмо, кој го воодушеви фудбалскиот свет со совоите игри и придонесот во освојување на Европското првенство.

Барселона, Манчестер сити и Манчестер јунајтед се заинтересирани за неговиот потпис, а цената во моментов му е 60 милиони евра, согласно клаузулата од неговиот договор и таа важи до први август. После тоа Лајпциг ќе ја одреди цената по која би го продале својот фудбалер.

Сепак, последните информации велат дека во игра за потписот на одличниот шпанец влегува и Ал-Наср од Саудиска Арабија со фантастична понуда, па сега останува на фудбалерот да одлучи дали ќе замине надвор од Европа на само 26 години.

Разврска очекува и Динамо Загреб, кој го продаде Олмо на Лајпциг пред 4.5 години за 29 милиони евра, но со клаузула од 20% од заработката која ќе ја оствари екипата од Бундес лигата.

- Оглас -

Најнови вести