Олмо првпат погоди во 2025 година, Барселона до целиот плен од Гран Канарија (Видео)

Барселона дојде до победа од 0-2 на гостувањето кај Лас Палмас и се врати на врвот од Ла Лига, па сега на потег е Реал Мадрид, кој треба да ја совлада Жирона за да се израмни со „каталонците“.

Ако се погледне резултатот можеби изгледа дека тоа беше рутинска победа за Барселона, но мечот беше и повеќе од тежок за избраниците на Ханси Флик. Дани Олмо со својот прв гол во 2025 година ги донесе „каталонците“ во водство од 0-1 во 62-рата минута, а конечните 0-2 ги постави Феран Торес во 95-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести