Олмо тренира утрово, можеби за последен пат со тимот на Барселона

Денешниот ден ќе биде многу стресен за Дани Олмо, Пау Виктор и сите во Барселона затоа што на полноќ истекува рокот кога клубот може да избегне отпишување на Олмо и Виктор од составот за оваа сезона откако Барса ја загуби судската битка.

Барса нема многу простор за маневар, има рок само до вечерва да покаже финансиска гаранција со која би ги задржала Олмо и Виктор. Се шпекулира дека последниот обид ќе биде продажба на ВИП ложата на „Камп ноу“, а тоа мора да го сторат денеска и да приложат доказ и гаранција, инаку Олмо и младиот Виктор ќе станат слободни играчи.

Доколку се оствари непосакуваното сценарио за Барса, а тоа е да мора да се разделат со Олмо и Виктор, би било голем удар за клубот и неговиот имиџ, но тоа не значи дека нема да смеат да купат други играчи во јануари.

Олмо постигна три гола во неговите први три натпревари за Барса, но потоа даде само уште три во последните 12 меча. Дали падот во формата има директна врска со случајот на неговата регистрација, не се знае, но факт е дека неговиот учинок е намален. Тој тренира претпладнево, но може да се случи ова да му биде последен тренинг со Барселона и од утре како слободен играч да си бара нов клуб.

- Оглас -

Најнови вести