Омерагиќ до судиите: Никој не смее да ви прави притисок, ако има такви обиди – веднаш да ми се јавите

Фудбалска Македонија се подготвува за почетокот на вториот дел од шампионатот во Првата и во Втората лига. Стартот е претстојниот викенд, а еден од важните заклучоци од судискиот семинар пред почеток на пролетниот дел е дека претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, им посочи на судиите дека никој не смее да им прави притисок. Тој испрати јасна порака до сите судии и официјални лица на натпреварите:

„Никој не смее да ви прави притисок. Мојот телефон воопшто не е тајна, сите може да го добиете на многу лесен начин. Кој било и да ви прави притисок или какви било манипулации во мое име, во туѓо име или какво било, слободно можете да ми се јавите во секое време“, беше пораката од Омерагиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести