Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, денеска во Анталија ги посети и македонскиот шампион Шкендија, Силекс и Струга Трим Лум, откако во текот на денот имаше средби и со претставници на Тиквеш и Вардар.
Првиот човек на ФФМ имаше можност да поразговара со првите луѓе на пет клубови кои се подготвуваат во познатиот турски туристички центар.


