Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа одигра храбро, гордо и срцето го остави на теренот против фаворизираната Белгија. Алиоски со еврогол донесе реми (1-1) и уште една потврда дека овој тим заслужува респект. Бодот има златна вредност, а позитивниот тренд трае веќе две години.
Радоста не заврши со последниот свиреж. Во соблекувалната, репрезентативците беа поздравени од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, кој заедно со легендите Горан Пандев и Агим Ибраими дојде лично да им честита.
„Знам дека играте од срце за Македонија, а не за премии… но ќе бидете наградени, тоа ви го ветувам“, беше пораката на Омерагиќ.
Ова е новата Македонија – тим со страст, со поддршка од вистински луѓе, и со сон кој го споделуваме сите.
Следна станица: Астана. Против Казахстан одиме по победа и нови три бода. За нас. За Македонија!