Омерагиќ: Ќе предложам затворање на Академијата, репрезентациите да играат во Битола, Штип и останатите градови

Масар Омерагиќ денеска и официјално го доби четиригодишниот мандат да биде прв човек на Фудбалската федерација на Македонија. Веднаш по изборот, Омерагиќ потенцираше дека главна цел е да се инвестира во терените, затоа што само така може да се помогне да се зголеми и квалитетот.

“Приоритет ќе биде инвестирање во терени. Трибини и така пасивна инфраструктира нема да има, зошто нема никакво влијание на фудбалот. Тоа не ни е план. Ќе бидеме фокусирани на реновирање на терените, посебно на клубовите од Првата и Втората лига, за да имаме услови за играње. Само така може да се игра квалитетно и така може да се вратат навивачите на трибините. Фокус ќе бидат терените, рече Омерагиќ кој додаде дека нема размислувано за изградба на Национален стадион, бидејќи тоа е огромен финансиски потфат.

Омерагиќ откри дека освен во Скопје, планира и другите градови во Македонија да бидат центри кои ќе бидат домаќини на настапи на македонските селелции. Една од првите одлуки беше Македонија У21 мечот против Италија У21 да го игра во Битола. Освен Битоа, Омерагиќ ги спомена и Штип, Тетово и останатите градови каде треба да се игра фудбал на национални селекции.

Првиот човек на ФФМ уште пред три месеци потенцираше дека е разочаран од тоа во каква состојба се наоѓа Академијата на ФФМ и размислува таа да биде затворена, бидејќи е нефункционална.

“Фудбалската Академија, тоа што го кажав на првиот брифинг со вас новинаритем, состојбата за мене е иста. Не гледам причина во ваков формат таа да продолжи со работа. Сега веќе кога имаме целосен легитимитет со нов мандат од четири години, ќе донесеме одлука што и како со таа Академија. Мене лично ако ме прашате, како тоа тие деца наводно тренираа тука а не играат натпревари. За мене тоа не поента на тренирањето. Јасно е дека на натпревари се станува фудбалер. Пробиен е буџетот, има многу недостатоци на Академијата. Ќе седнеме и многу бргу ќе донесеме одлука. Така да најверојатно ќе предложам затворање на овој формат на Академијата на ФФМ“, објасни Омерагиќ.

- Оглас -

Најнови вести