3.8 C
Skopje
четврток, 25 декември 2025

Омерагиќ: Мојот син има право да игра фудбал, не можат тие да удираат колку што можеме јас и Азер да издржиме

Не престанува фудбалската војна која се распламти во последните неколку дена во Македонија. По назначувањето на Гоце Седлоски за селектор, поранешниот предводник на македонската репрезентација, Игор Ангеловски започна „фронтален напад“. Ангеловски упати серија навреди и обвинувања кон челниците лица во ФФМ, на чело со претседателот Масар Омерагиќ.

Токму Омерагиќ имаше отворено новогодишно интервју во кое транспарентно одговараше на сите прашања, а не беше заобиколена ниту „војната“ која ја започна Ангеловски, непосредно по изборот на Седлоски за селектор.

Првиот човек на ФФМ вели дека неговиот син Азер Омерагиќ не смее да биде вмешан во ништо и дека треба да го остават да игра фудбал.

„ Мојот син има право да игра фудбал. Тој играше фудбал и пред јас да станам претседател на ФФМ. Луѓето сакаат во битката со мене или нападите врз мене да го користат Азар како оружје. Тоа е нивно право, но тие не може толку многу да удираат колку што можеме јас и Азер да издржиме. Таквите напади само прават од Азер да создаде силен карактер“, вели Омерагиќ во дел од новогодишното интервју.

Инаку Азер е капитен на Вардар и имаше одлична полусезона во домашното првенство, предводејќи ги Црвено-црните до лидерската позиција каде и ќе презими најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија.

- Оглас -

Најнови вести