2.8 C
Skopje
вторник, 23 декември 2025

Омерагиќ: „Немаме проблем Седлоски да остане и тренер на Вардар“

Договорот на ФФМ со Гоце Седлоски е на плус две години, а според претседателот Масар Омерагиќ, нема никаков проблем новиот селектор да остане и тренер на Вардар.

„Договорот е две години со плус продолжување на уште две години. Немаме проблем да остане во Вардар, тоа е наша одлука, наш избор. Најважно е дека ние веруваме дека тој е вистинскиот избор за селектор. Сега сме фокусирани на баражот“, рече претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Вардар е лидер по есенскиот дел од Првата лига со еден поен предност пред Струга, но дали Седлоски ќе остане тренер на најтрофејниот македонски клуб, треба да одлучи раководството на Црвено-црните.

- Оглас -

Најнови вести