Омерагиќ од Битола: „Целта ни е Битола да биде подготвена и достојно претставена како домаќин на македонските репрезентации“

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, заедно со претседателот на ОФС Битола, Златко Талевски, во Битола оствари работна средба и состанок со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Целта на посетата беше увид во состојбата на стадионот „Петар Милошевски“, како дел од подготовките за квалификацискиот натпревар на репрезентациите на Македонија и Италија до 21 година, закажан за 9 септември во Битола.

Фудбалската федерација на Македонија интензивно работи на исполнување на сите технички и инфраструктурни критериуми, согласно утврдени стандарди, со цел стадионот во Битола да добие лиценца за организација на УЕФА меѓународни натпревари.

Претседателот Масар Омерагиќ со градоначалникот Тони Коњановски разговааа за заедничка координација и обврските на општината и ФФМ во подготовките.

„Ќе направиме сѐ што е потребно стадионот во Битола да ги исполни сите критериуми и да добие УЕФА лиценца. Целта ни е Битола да биде подготвена и достојно претставена како домаќин на меѓународни натпревари на македонските репрезентации“, вели претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

- Оглас -

Најнови вести