Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати охрабрувачки пораки до легендата на македонскиот фудбал, Бошко Ѓуровски, кој накратко ја изгуби свеста додека држеше говор во чест на починатиот фудбалер на Црвена Звезда, Дејан Миловановиќ.

„Ти можеш, Бошко, ти праќаме поддршка,“ беше пораката која Омерагиќ ја упати преку социјалните мрежи, изразувајќи надеж за брзо закрепнување на македонската легенда и поранешен селектор на националниот тим.
Пред само неколку дена Ѓуровски ја предводи ветеранската секција на Црвена ѕвезда на пријателски меч против ветераните од Брегалница во Штип.