14.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Целиот приход од дуелот против Велс ќе биде наменет за настраданите во Кочани

Претседателот на фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ брифираше дека целоупниот приход од продадените билети за дуелот против Велс кој се игра на 25 март, ќе биде наменет за настраданите во трагедијата во Кочани.

„Целокупниот приход собран од дуелот против Велс, ќе биде наменет за настраданите во несреќата во Кочани“, категоричен беше Омерагиќ.

Во изминативе неколку денови, ФФМ имаше неколку хуманитарни акции за настраданите во Кочани, но сега најважно е арената „Тодор Проески“ да биде исполнета до последно место.

Сега мотивот кај навивачите да дојдат на стадион е уште поголема. Освен што ќе дадат поддршка на македонските фудбалери против Велс, со купување на билет ќе помогнат и за настраданите во Кочани.

- Оглас -

Најнови вести