Омерагиќ во друштво на Чеферин и Ердоган на отворање на канцеларијата на УЕФА во Истанбул

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, присуствуваше на свеченото отворање на новата регионална канцеларија на УЕФА во Истанбул.

Настанот се одржа во присуство на бројни високи претставници од светот на фудбалот, а таму беа и претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Свеченоста беше одбележана со присуство на речиси сите претседатели на фудбалските сојузи од регионот, што сведочи за значењето на овој стратешки проект за понатамошен развој и унапредување на фудбалската соработка во Југоисточна Европа.

„Преку оваа нова канцеларија, УЕФА ќе ја зајакне својата координација со земјите од регионот, а интеграцијата на европскиот фудбал ќе се продлабочи уште повеќе. Турција ќе биде домаќин на три големи настани на УЕФА во краток временски период, вклучувајќи ја и организацијата на ЕУРО 2032, а тоа е потврда за развојот и нивната посветеност во работата. Сакам да му изразам благодарност на претседателот на Турската фудбалска Федерација и на УЕФА за нивната соработка, поддршка и доверба“, изјави Омерагиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести