Натпреварот меѓу Кожуф и Башкими, кој беше спорен и сè уште e под истрага на МВР, ОЈО и Дисциплинската комисија на ФФМ, мора да се решава согласно официјални правила на Фудбалската федерација на Македонија.
„За мечот Кожуф – Башкими, ФФМ постапува според правилата и прописите. Тој меч беше срамен. Дури и мејл од УЕФА добивме да објасниме што се случило на тој меч. Вакви мечеви многу е тешко да се докажуваат. Сите одлуки кои се донесени се по дадени изјави. Никој нема да биде казнет на основа на шпекулации. Ние работиме врз основа на дисциплински правилник донесен пред неколку години. Има некои казни кои безмалку се смешни и можно е да има промена околу висините на казните што се даваат”, изјави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Што се однесува до Беса, сè уште нема официјална информација во ФФМ дека ќе се откаже од настап во Втората лига.