9.8 C
Skopje
петок, 5 декември 2025

Омерагиќ за победа со пресврт и есенска титула на Вардар

Вардар е есенски првак во Првата македонска фудбалска лига откако попладнево победи со 2-1 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров.

Јунак на Црвено-црните денеска беше Азер Омерагиќ, кој ги даде двата гола за пресврт во 62-рата и во 66-тата минута, откако Еступињан им донесе предност на Лавовите. Омерагиќ со 10 гола е најефикасниот македонски фудбалер во Првата лига.

Струга славеше со 1-0 во Кавадарци против Тиквеш и се зацврсти на втората позиција со бод помалку од Вардар, кој на зимска пауза заминува како лидер.

- Оглас -

Најнови вести