Новата верзија на ковид-19, Омикрон опасно ја нападна Велика Британија и можно е утре и задутре на Островот да не се играа два меча од Премиер лигата.
Проблем со ковид-19 има Манчестер јунајтед, откако дел од играчите на Црвените ѓаволи во младинската екипа имаат позитивни тестови.
Потоа тест правеше и комплетната фудбалска експедиција што завчера беше на гости кај Норвич и победи со 1:0 и сите тестови биле негативни.
Но, потоа дел од играчите и техничкиот персонал имале позитивни резултати на Рапид тест, па можно е дуелот со Брентфорд, што треба да се игра утре од 20.30 часот, да биде одложен.
Проблеми има и во таборот на Брајтон и тука се работи за корона-вирус, а Галебите веројатно нема да играат со Вулверхемптон задутре и тој меч е во опасност да биде одложен.
Се размислува и за одложување на уште еден натпревар токму против Манчестер јунајтед, што треба да се игра на 18 декември.