Чудење и насмевки предизвика македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас откако синоќа, по победата над Сасуоло, кога придонесе за победничкиот гол, но не му беше запишан нему, се појави во необична облека, со ликот на цртаниот јунак Душко Долгоушко.
За Елмас мечот со Сасуоло беше шанса да се наметне кај тренерот Џенаро Гатузо и веројатно ќе ги премисли сите кои размислуваат да го пуштат на позајмица. Во Наполи сакаат во јануари да купат двајца фудбалери, од кои едниот мора да биде на позицијата лев бек, додека другиот плејмејкер. Ако купат играч од средниот ред, за Елмас останува да се бори за минутажа или да игра на крилна позиција.
Екипата на Наполи доби одмор од една недела, со тренинзи продолжуваат на 30 декември, а следниот меч од Серија А е на 6 јануари против лидерот Интер.