Марсело Бјелса извесен период е без ангажман откако доби отказ од Лидс во текот на минатата сезона, но според најавите на шпанските медиуми, екстренерот на Езѓан Алиоски е пред камбек во Атлетик Билбао.
Управата на шпанскиот прволигаш не е задоволна со работата на Марселино и веќе му се подготвува отказ, а токму популарниот „Лудак“ би можел да биде неговата замена.
Во игра се уште двајца стратези за клупата на Билбао, тоа се Покетино и Фонсека, меѓутоа Бјелса даде големо ветување доколку ја добие работата.
Наводно на „Сан Мамеш“ како огромно засилување може да пристигне Антоан Гриезман. Од следниот месец Французинот ќе биде слободен играч, а со оглед на тоа дека потекнува од баскискиот дел на Франција, ги исполнува условите во трансфер-политиката на Билбао.
Гриезман инаку потекнува од редовите на Реал Сосиедад, лутиот ривал на Билбао, па ваков трансфер би се сметал за предавство.