Омилениот ТВ лик на децата од цела поранешна Југославија ќе навива за Македонија на ЕП (Фото)

Сонот наш од детство, Македонија да игра на фудбалско Европско првенство, се исполни, а еден од најпознатите и најверни навивачи на Црвено-жолтите, кој ги бодри секаде нашите селекции, ја исполни мисијата на маратонот во Белград да лобира за Србите да навиваат за македонската репрезентација на претстојното ЕВРО 2020.

Горан Кипријановски, или како што сите пријатели го викаат, Кипре, меѓу маратонците го најде и легендарниот Бранислав Миличевиќ, познат како Бранко Коцкица, човек кој имаше легендарна емисија во која уживаа многу генерации деца кои растеа во поранешна Југославија. Бранко пропагираше „детско царство во кое царува другарство“, а сега Бранко потврди дека ќе навива за Македонија на ЕП.

 

 

- Оглас -

Најнови вести