Секунди ја делеа фудбалската репрезентација на Македонија од голем триумф над Велс и шест бода по првите два натпревари од квалификациите за СП 2026.
Голот на Бојан Миовски во 91-вата минута донесе еуфорија на Арената „Борис Трајковски“, но во последните секунди од мечот Велс успеа да израмни со погодокот на Брукс.
Тоа е оној филинг кога мислиш дека крајот е совршен, а потоа ја вртиш следната страница.
Но, приказната продолжува, има уште многу да се игра…