26.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Онана не мрда од Манчестер, сака да се докаже и да биде прв голман на Јунајтед

Долго се шпекулираше дека Андре Онана ќе си замине од „Олд Трафорд“ ова лето, а неколку екипи се споменуваа како негова можна дестинација. Сепак, според последните информации од медиумите од Островот, камерунскиот голман нема намера да си замине од Манчестер јунајтед.

Онана планира да остане, да се докажува и повторно да биде прв избор за чувар на мрежата, иако за навивачите на „црвените ѓаволи“ е „дежурен виновник“, пред се поради слабите партии и многу киксови кои ги имаше.

Онана во Манчестер јунајтед дојде пред две години од Интер за сума од 50,2 милиони евра, а неговата вредност сега е преполовена и вреди само 25 милиони евра. Договорот со „црвените ѓаволи“ му истекува во 2028 година. 

- Оглас -

Најнови вести