Онана нема намера да си замине од „Олд Трафорд“, Јунајтед инсистира да се ослободи од него

Манчестер јунајтед по секоја цена сака налето да се ослободи од камерунскиот голман Андре Онана. Сепак, најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, тврди дека голманот нема намера да си замине од „Олд Трафорд“ и е решен да остане за да докаже дека има квалитет.

Неговата плата во моментов изнесува 200.000 фунти неделно, а тој износ му го нудат и од Саудиска Арабија, без разлика дали би заминал како позајмен или неговиот договор ќе биде откупен.

Раководството на Црвените ѓаволи веќе размислува за голманската позиција, но проблем може да настане доколку Онана не сака да си замине и инсистира да остане, бидејќи во тој случај би имале проблем со финансискиот ферплеј. Со евентуалната продажба на Камерунецот не само што би добиле финансиски средства за ангажман на нови фудбалери туку и би направиле простор и во делот на платите.

- Оглас -

Најнови вести