Онлајн билетите за дербито Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 се продадоа за 4-5 минути

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер објави дека се продадени сите билети за дербито со Вардар 1961 кои беа пуштени во продажба преку интернет.

Билетите беа пуштени на пладне, а само пет минути подоцна веќе не можеа да се најдат. Домашните ќе имаат огромна поддршка од трибините, натпреварот се игра в четврток (24 април) од 18.30 часот.

Се покажа дека салата „Боро Чурлевски“ ќе биде претесна за сите кои ќе сакаат да го гледаат овој можеби и клучен меч во сезоната во македонскиот клупски ракомет бидејќи победа на битолчани најверојатно ќе значи и нивна нова титула. Интересот е огромен како и секогаш кога во Градот на конзулите гостува двократниот европски првак, а овојпат дуелот ќе има и посебна тежина, па и не чуди тоа што многумина кои сакаа не можеа да купат билети за вакви дербија, во Битола е потребна и поголема сала.

 

 

- Оглас -

Најнови вести