По сите изгледи Антонио Конте ќе ја преземе клупата на Интер по крајот на сезоната. Дел од италијанските медиуми тврдат дека двете страни постигнале договор, а Конте во следните три години ќе ги води Нероаѕурите заменувајќи го Лучијано Спалети.
Воедно, поранешниот предводник на Јувентус, Челзи и италијанската репрезентација, ќе биде најплатен тренер во Серија А со годишна плата од 9 милиони евра. Тоа е за 1,5 милион евра повеќе од годишната заработка на Макс Алегри во Јувентус.
Според најавите од Италија, претседателот на Интер, Стивен Жанг, дал зелено светло за Конте да биде ангажиран, така што спортскиот директор Бепе Марота вршел притисок побрзо да се оствари соработка, со цел да се тргне конкуренцијата од Милан и Рома.
Toa значи дека без разлика што Интер ќе обезбеди ново учество во Лигата на шампионите, Лучијано Спалети по крајот на сезоната ќе замине од „Џузепе Меаца“.