ОП на САД во прв план на новиот Полноќен експрес

Новак Ѓоковиќ – Денис Кудла (02:30ч – ОП на САД, трето коло)

Американецот му беше противник на Ѓоковиќ во второто коло на Вимблдон годинава, а сега едно коло понапред на Отвореното првенство на САД повторно ќе ги одмерат силите. Во Лондон беше првата нивна меѓусебна пресметка, во која првиот светски рекет немаше проблеми и славеше со 3-0.

Кудла никогаш претходно не стигнал до третото коло на домашниот Гренд слем, а знаејќи дека ќе се надигрува против првиот носител во САД, се чини дека тука ќе му заврши авантурата. Ѓоковиќ би требало брзо да ја запише победата, без да загуби голем број на гемови.

Предлог тип: 1 & <29.5 гемови (1.90)

 

Фелицијано Лопес – Данил Медведев (02:30ч – ОП на САД, трето коло)

Лопес и Медведев треба да приредат интересна пресметка во која ќе се играат повеќе од три сета. И двајцата тенисери до пласманот во третото коло губеа сетови, па иако е рана фаза на шампионатот, заморот ќе се покаже на виделина.

Медведев и Лопес за првпат ќе ги одмерат силите на тврда подлога, а единствената нивна пресметка се одигра во Монте Карло во април 2017 година, кога Шпанецот славеше со 2-0 во сетови. Овој дуел најдобро да се типува дека ќе има повеќе гемови.

Предлог тип: >38.5 гемови (1.85)

 

Софија Кенин – Медисон Кејс (01ч – ОП на САД, трето коло) 

Публиката ќе биде поделена и ќе навива за двете Американки во вечерната пресметка. Кејс ја има фаворитската улога поради нејзиниот пласман на ВТА ранг листата, но тенисот е спорт кој често знае да приреди изненадувања.

Кејс и Кенин претходно месецов се пресметаа во полуфиналето на турнирот во Синсинати, а 9-то рангираната тенисерка славеше со 2-0 во сетови, а потоа и го освои трофејот. Токму тој триумф може да ѝ помогне на Медисон одново да го најде победничкиот рецепт против сонародничката.

Предлог тип: 2 (2.20)

 

Елина Свитолина – Дајан Јастремска (01ч – ОП на САД, трето коло)

Покрај американската пресметка, во исто време силите ќе ги одмерат и двете Украинки Свитолина и Јастремска. 19-годишната Дајана претходно немала прилика да се соочи со фаворизираната Свитолина, која пак цели посивок пласман во САД од нејзиниот рекорд до четвртото коло.

Петтата носителка досега не загуби сет, додека Јастремска уште во првото коло се мачеше за пласман понатаму. Затоа овој дуел типувајте на победа на Свитолина со мал број на гемови.

Предлог тип: 1 & <21.5 (2.70)

- Оглас -

Најнови вести