Двете познати навивачки групи на Хајдук, популарната Торцида и на Армадата на Риека имаа жестока пресметка, а има и повредени според полицискиот извештај.
Двете екипи денеска воопшто и не играат меѓусебе, а до опасниот инцидент дојде кога навивачите на Хајдук пристигнале во Риека на пат кон Пула на мечот со Истра, што ќе се игра денеска од 17 часот.
Армадата ги пречекала и во битка во која биле двојно побројни се степале со 15 навивачи на Хајдук. Дел од тепачката во Риека што се случи денеска можете да ја погледнете ОВДЕ.
Вчера Риека играше со Славен Белупо и победи со 2:1 на домашен терен, а денеска Хајдук игра во Пула против Истра.