Опасен протест во Лозана – Tимот е пред испаѓање, навивачите збеснаа и ќе го запалеа гостинскиот голман (Видео)

Инцидент имаше на мечот од швајцарското првенство меѓу Лозана и Луцерн, што беше дерби за опстанок, а го добија гостите со 2:1.

Незадоволни од игрите и резултатите на Лозана, домашните навивачи испалија цел арсенал запаливи средства кон голманот на Луцерн, Мариуш Милер.

Иако беше опасно за него и беше шокиран од атакот на домашните навивачи, Милер бранеше до крајот на мечот и се радуваше на многу важна победа на Луцерн.

Неговиот тим е претпоследен, сега со 18 бода, шест повеќе од Лозана.

Во Швајцарија последнопласираниот тим испаѓа, а претпоследниот клуб ќе игра бараж за опстанок со екипа од Втората лига.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести