Двајца навивачи на Косово се повредени во П’лзен откако биле нападнати од чешките навивачи. Опасна предигра има непосредно пред клучниот меч во групата А меѓу Чешка и Косово за пласман на Европското првенство што ќе се игра следната година.
Победа ѝ гарантира на селекцијата на Чешка настап на европскиот самит на најдобрите репрезентации во Европа.
Според извештаите од П’лзен, има и двајца повредени навивачи на Косово. Оваа репрезентација треба да биде ривал на Македонија во полуфиналето во Сегментот Д од Лигата на нациите во март следната година во Скопје.
Мечот во П’лзен ќе се игра вечерва, од 20.45 часот.