Опасни налети на ветер – Во Хаг се распадна кровот на стадионот, „Карс џинс“ ќе мора да се реновира (Видео)

Холанѓаните ги одложија сите денешни фудбалски натпревари, еден од Првата лига и сите 8 од Втората лига, а колку е опасно невремето и силниот ветер што дува со брзина од околу 90 километри на час е презентирано со кровот на стадинот во Хаг.

Ден Хаг требаше да му гостува на Ајндховен на меч од Втората лига, вечерва од 20 часот, но второлигашот сега има поголем проблем.

И буквално им се распадна кровот на стадионто „Карс џинс“ од налетите на силен ветер и сега ќе треба да размислуваат за реновирање.

Поради невреме одложени се и неколку натпревари од пониските лиги во Германија и мечот од Чемпионшип лигата во Англија меѓу Борнмут и Нотингем форест.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести