Младите Шпанци на возраст до 21 година го одржаа последниот тренинг пред утрешниот меч со врсниците од Македонија и како фаворити го чекаат почетокот од 19.45 часот во Алкоркон.
Дуелот е квалификациски за пласман на ЕП и е дерби во шестата група на двете непоразени селекции. Шпанците имаа одличен состав, иако не им игра главната ѕвезда Дани Олмо, а и вечерва покажаа дека имаат многу талентирани играчи во составот.
Еден од нив е и 19-годишниот Педро Поро, кој даде прекрасен гол на тренингот во Алкоркон.
https://twitter.com/SeFutbol/status/1194348302772457472?s=20
И Македонија има нова супер талентирана генерација предводена од интернационалците Дарко Чурлинов, Димитар Митровски, Јани Атанасов, Ердон Даци, Милан Ристовски… па очекуваме нов добар меч од нашата селекција.
Шпанците моментно се први во нашата група со максимални 9 бода, а Македонија е втора со 7, колку што има и Казахстан, но од пет меча.