Опасно го навредија – Гатузо ги засука ракавите да се тепа со Бјанкини (Видео)

Џенаро Гатузо збесна и ги засука ракавите да се тепа со кондицискиот тренер на Лацио, Бјанкини по навредата што му беше упатена во второто полувреме од дербито меѓу Наполи и Лацио.

Бјанкини му упати навредливи зборови на Гатузо, а Терон за некој што потекнува од југот, или југоистокот на Италија е многу навредливо.

„Гом*о јужњачко“ викаше Бјанкини упатувајќи му закана на тренерот на Наполи. Но, Гатузо е од цврст материјал и веднаш ги засука ракавите за да се пресмета со кондицискиот тренер на гостите, но го спречи најпрво Симоне Инѕаги, а потоа и останатите актери на теренот.

https://twitter.com/FedRedBlack/status/1289670744272601089?s=20

Сепак Гатузо тешко се помири со навредата, а кога во Италија некого ќе наречете Терон е опасно и многу навредливо, па најави дека ќе го истепа Бјанкини при првата следна средба.

Во финишот на мечот што беше само со ревијален карактер имаше уште една гужва на теренот. Се закачија нашиот репрезентативец Елиф Елмас и Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Двајцата потоа добија жолти картони во последниот меч за двете екипи сезонава во Серија А.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести