Опасно гостување за Реал, Порто, Ренџерс и Интер се фаворити

1806 Ајнтрахт – Вердер (18:30 ч.)

Ајнтрахт има само една победа во последните четири кола во Бундеслигата, но тоа е тим кој добро игра на свој терен и има шест победи во 10 дуели. Вердер е во средината од табелата, а најслаб дел им е одбраната која е трета по бројот на примени погодоци сезонава.

Во есенскиот дел од сезоната, овие два тима одиграа гол-шоу дуел со седум погодоци, а на крајот Ајнтрахт победи со 4:3 на гости. На 10 од последните 12 меѓусебни дуели двата тима постигнале барем по еден погодок.

Предлог тип: ГГ3+ (1.92)

 

1306 Осасуна – Реал Мадрид (21 ч.)

Делува чудно, но Осасуна три пати во последните пет меча со Кралскиот клуб одигра нерешено, а на четири од тие дуели, немало повеќе од два погодоци. Бензема и Крос се неизвесни за настап, но дури и да не играат, гостите се фаворити на „жешкиот терен“ во Памплона.

Осасуна е орјентирана на дефанзива, па сезонава во 21 коло има гол разлика од 19 дадени и исто толку примени гола.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.23)

 

1539 Порто – Рио Аве (21:30 ч.)

Порто има девет победи во последните девет меча што ги одигра и секако е голем фаворит за победа. Сепак, Рио Аве може да се пофали дека сезонава е еден од двата ривали кои го победи Порто во првенството и тоа со 3:1.

Тоа значи дека Порто има дополнителен мотив да се реваншира, а факт е дека фаворитот не смее да киксира ако сака да остане во трка со Бенфика во трка за титулата.

Предлог тип: 1-1&2+ (1.80)

 

1244 Ливингстон – Ренџерс (16 ч.)

Ренџерс има 13 победи и едно реми во последните 14 мечеви што покажува дека фаворитот е во одлична форма. Ливингстон во првиот дел од сезоната изненади и одигра 1:1 на теренот на Ренџерс, но не треба да се заборави дека на претходните осум дуели, фаворитот секогаш се радувал.

Тука се очекува гостите да постигнат барем по еден гол во двете полувремиња.

Предлог тип: Т2 1+ I & 1+ II (1.99)

 

3004 Интер – Удинезе (20:45 ч.)

Главна цел на Интер ќе му биде да го задржи второто место во Серија А, а ќе биде интересно Нераѕурите како ќе одиграат против експертот за нерешени, Удинезе. Тимот од Удине сезонава има девет нерешени, а сезонава го победија Интер на свој терен со 3:1.

Нераѕурите треба да мислат и за мечот во Лигата на шампиони следната недела, па сигурно нема многу да притиснат.

Предлог тип: 2-3 гола (2.00)

 

- Оглас -

Најнови вести