Опасно кроше има Албиол, Џеко ја продолжи традицијата на „Олд трафорд“ (видео)

Раул Албиол зголеми на 2-0 во корист за Вилјареал во 29-тата минута, па Арсенал е во доста незгодна ситуација и ќе мора што поскоро да се консолидира за да избегне катастрофа на „Керамика“ стадионот.

Топчиите слабо се бране при корнерот кој го изведе Парехо, а Албиол одлично реагираше на втората статива и силно погоди за двојна предност на Жолтата подморница.

Во меѓувреме Рома приредува изненадување на „Олд трафорд“, стадионот кој е омилен на Един Џеко. Босанскиот дијамант ја продолжи традицијата на „Театарот од соништата“ и во своетто петто гостување на култниот стадион го забележа својот шести гол во кариерата со кој и донесе важна предност од 2-1 на Рома по нешто повеќе од половина час игра.

Man;

 

- Оглас -

Најнови вести