Опасно ли е за Алиоски? Родриго е позитивен на Ковид-19

Родриго Морено, шпанскиот репрезентативец од Лидс, е позитивен на Ковид-19 и веќе е во изолација, а не настапи на дуелот со Лестер и сигурно нема да настапи и против Кристал палас во викендот што следи.

Соиграчот на Езџан Алиоски преку порака на „Твитер“ објасни дека имал контакт со роднина од кого се заразил со корона-вирус, но и дека не чувствува никакви симптоми.

https://twitter.com/LUFC/status/1323681284774907904?s=20

Родриго навреме бил изолиран од тимот и не играше за Лидс во поразот од Лестер со 1:4 завчера. Алиоски стандардно ќе биде во составот на тимот од Јоркшир за дуелот со Кристал палас, што ќе се игра во Лондон во сабота, на 7 ноември, и потоа треба да допатува во Скопје, на собирот на репрезентацијата на Македонија пред историскиот дуел за пласман на ЕП против Грузија, што ќе се игра во Тбилиси на 12 ноември.

 

 

- Оглас -

Најнови вести