Опасно понижување од челниците на Барселона: Гриезман ќе го менувавме и за Пајо Паторот

Гриезман ќе го менуваме и некој да ни го понудеше Пајо Паторот, е изјавата на неименуван член на спортскиот сектор на Барселона, што ја пренесе каталонскиот спортски медиум „Спорт“.

Гриезман во последните мигови од овој преоден рок се врати во Атлетико Мадрид како позајмен играч од Барселона само за 10 милиони евра, плус анекс шампионот на Шпанија да го откупи неговиот договор идното лето за 40 милиони евра. И тоа е необврзувачки, што се смета за катастрофален потег на челниците на Барселона, клуб кој го купи Гриезман од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра пред две години.

Во Барса, а и голем дел од навивачите го сметаат Антоан за еден од виновниците за заминувањето на Лионел Меси во Пари Сен Жермен и напоменуваат дека францускиот ас бил „отровот“ во соблекувалната на Барселона.

Сепак, споредбата со познатиот лик од цртаните филмови и изјавата на човек од раководтството на Барселона е понижувачка и за клубот и за играчот, кој играше за Каталонците од 2019 година.

 

- Оглас -

Најнови вести