5111 Мозамбик – Брегот на Слоновата Коска (Квалификации за СП, 15 часот)
Мозамбик успеа да го изненади Брегот на Слоновата Коска на последниот дуел што се играше во Мапуто во 2008 година и исто така и во квалификациски меч за СП одигра 1:1.
Сега ситуацијата е малку поинаква, тогаш на селекцијата на БСК ѝ одговараше реми, а денеска гостите ќе одат на победа на премиерата од квалификациите за Мундијалот во Катар.
Во Б групата се и Камерун и Малави, а само првопласираната селекција ќе игра во Катар следната година. Мозамбик е солидна репрезентација, но типуваме дека може да издржи само до полувремето без негатива, а потоа ќе загуби од еден од двата главни фаворити за пат во Катар.
Предлог тип: Х-2 (3.85)
5711 Зимбабве – Јужна Африка (Квалификации за СП, 15 часот)
Во единствениот досегашен меч на домашен терен против Јужна Африка за пласман на СП, Зимбабве загуби со 0:2. Тоа се случи пред 21 година, па сега домаќините во Хараре ќе се обидат да се реваншираат.
Сепак, Јужна Африка има поголем рејтинг од ривалот и е фаворит за победа. Гостите се и поискусни, еднаш беа прваци на Африка и играле на Мундијалите за разлика од домаќинот, кој сè уште чека историски момент и прв настап на Светско првенство.
Групата уште и со Гана и Етиопија е многу сложена, бидејќи само првопласираната селекција сигурно ќе игра во Катар, па Јужна Африка мора да оди на победа.
Предлог тип: Х2&2+ (1.80)
7284 Попирин – Еванс (ОП на САД, 18,30 часот)
И двајцата тенисери ќе бијат битка за најдобар успех на Отвореното првенство на Америка бидејќи настап во осминафиналето би им бил највисок дострел досега.
Еванс е подобро рангиран од Попирин, но Австралиецот со руско потекло е помлад и најавува добра перпсектива. Во претходното коло, 23-годишниот тенисер направи изненадување со елиминација на 15-тиот ностител Григор Димитров.
Попирин имаше и солидни резултати како јуниор, има добар сервис и може рамноправно да се носи со Еванс, кој е поискусен и има 27 години.
Еванс дури четирипати е во третата рунда на Отвореното првенство на САД , а најдалеку стигна Отвореното првенство на Австралија пред четири години, кога играше во четвртото коло.
Двајцата ривали се некако израмнети со подеднакви шанси за победа, а очекуваме неизвесен меч, што е како создаден за игра на плус гемови.
Предлог тип: >39,5 гема (1.95)
7289 Азаренка – Мугуруза (ОП на САД, 18,30 часот)
Интересни се меѓусебните дуели на двете тенисерки што имаат по две гренслем-титули. Досега играа петпати меѓу себе и дури три меча завршија со предвремен крај поради повреди.
Азаренка двапати ѝ предаде дуели на Мугуруза поради повреди, а еднаш тоа го стори и шпанската тенисерка. Сега се очекува сè да биде в ред и во еден од дерби-мечевите на третото коло да гледаме врвен тенис.
Белорусинката има повеќе успеси на Отвореното првенство на САД и дури трипати играше во финалето, но ниту еднаш не успеа да го крене пехарот.
Мугуруза најдалеку во Њујорк стигна во 2017 година, кога играше во четвртото коло на Отвореното првенство на САД и ѝ беше најслаб од сите четири гренслема. Победуваше на Ролан Гарос во 2016 година, следната сезона стана шампионка на Вимблдон, а има финале и на Отвореното првенство на Австралија лани.
Азаренка двапати славеше во Мелбурн и е двојна шампионка на Отвореното првенство на Австралија, а има полуфиналиња на Ролан Гарос и Вимблдон.
И двете тенисерки биле рангирани како број 1 на ВТА-листата и нашиот избор ќе биде дека ќе има над 21 гем.
Предлог тип: >21,5 гема (1.95)
6739 Шпанија – Русија (Квалификации за ЕП до 21 година, 20,45 часот)
Шпанија никогаш не загубила од Русија во категорија на играчи до 21 година, а и денеска во Алмандралјехо е фаворит за победа.
Црвената фурија има огромно реноме во светскиот фудбал, а посебно е успешна во младинските категории. Со Италија со по пет титули се најтрофејни нации на Европските првенства за играчи до 21 година.
И Русија е во врвот на младинскиот фудбал на Стариот Континент со две шампионски круни, но овојпат е аутсајдер против селекцијата од која има дури пет порази, само едно реми и ниту една победа.
Брахим Дијас од Милан е главната ѕвезда на Шпанците, кои имаат млади, но многу искусни играчи со настапи во Ла Лига, но и во уште неколку силни европски првенства.
Русите имаат интересен состав и сите репрезентативци играат во домашното првенство, освен Севикјан и Јосифов, коишто играат во земјата на денешниот ривал, за Леванте, односно Вилјареал Б.
Предлог тип: 1(1.44)