Чешкиот тенисер Јиржи Лехецка втора година по ред освојува турнир на австралиско тло, овојпат тој е победник на турнирот во Бризбејн на кој играше и Новак Ѓоковиќ.
Лехецка имаше и многу среќа, бидејќи во полуфиналето неговиот противник Григор Димитров се предаде при 4-6, 4-4, а финалето траеше само 15 минути, Американецот Рајли Опелка кој во четвртфиналето го надигра првиот фаворит Ѓоковиќ, се предаде поради повреда откако Чехот поведе со 4-1 во гејмови.