Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, денеска бил опериран поради проблеми со белите дробови.
Во соопштението на клубот се вели дека првиот човек на клубот бил успешно опериран поради белодробна болест и дека со интервенцијата бил отстранет пулмоналниот јазол.
Операцијата била извршена на Универзитетската болница „Пуерта де Хиеро“ во Махадахонда, а прогнозите на лекарот за рехабилитацијата на Перес се добри, односно се очекува претседателот на Реал Мадрид да одмора неколку дена пред да им се врати на редовните работи обврски.